четврток, 18 јануари 2018 | Вести денес: 2 ново

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе го поднесе Законот за покачувањето на пензиите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска најавија дека до Собранието повторно ќе го поднесат законот за покачувањето на пензиите, кој вчера не беше ставен на дневен ред на седница на Собранието.
– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да се откажат и најавуваме дека повторно ќе биде поднесен овој закон и повторно ќе се бара зголемувањето на пензиите да се предвиди во Буџетот за 2018 се со цел наредната година сите пензионери да добијат реално покачување на пензиите, а не како што се обидува СДСМ да ги залажува, стои во соопштението на пратеничката група.

СДСМ не прифати зголемување на пензиите за пет отсто и со самото тоа, како што стои, пензионерите нема да земат повисоки пензии во наредната година.

– СДСМ го прекина континуитетот на зголемувањето на пензиите кои се случуваше последните 11 години, се наведува во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top