недела, 21 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Поранешната сопруга го погреба хирургот

На Централните гробишта во Белград денеска е погребан доктор Срѓан Цветковиќ, естетски хирург од ВМА, кој си го одзеде животот.

Во капелата со собраа голем број роднини, пријатели и коеги кои сакаа да му оддадат последна почит, а Срѓан кон вечното почивалиште го испратија и неговите деца, тројки од бракот со првата сопруга.

Во капелата први дојдоа неговите деца и доктор Зоран Станковиќ, угледен патолог и некогашен началник на ВМА.

Во поворката зад ковчегот одеа децата на покојниот хирург, но не и првата сопруга и мајка на трите деца иако таа го огранизираше целиот погреб.

Ковчегот со телото на Цветковиќ е положен во семејната гробница без опело, а говор на гробот одржа неговиот долгогодишен пријател.

Хирургот Срѓан Цветановиќ ноќта меѓу средата и четвртокот ја рани вереницата, актерката Ивана Панзаловиќ (30), а потоа си го одзеде животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top