недела, 21 јануари 2018 | Вести денес: 83 ново

Тинејџерка паднала од автобус и го скршила черепот

Седумнаесетгодишна девојка од тетовското село Боговиње е тешко повредена при пад од автобус. Таа се здобила со скршеница на черепот кога вчера попладне паднала од автобус во движење.

Како што информираше тетовската полиција, девојката била донесена вчера во 15.20 часот во Клиничката болница во Тетово, при што лекарите утврдиле фрактура на черепот. Поради тежината на повредите, пренесена е во Ургентен центар во Скопје.

Случајот во полиција го пријавил возачот на автобусот, половина час откако девојката била однесена во тетовската болница. Полицијата и јавен обвинител работат на утврдување на околностите за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top