понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 1 ново

Ураган во Дубровник: Ветер оддува камионска приколка од мост (ВИДЕО)

На мостот „Фрањо Туѓман“ во Дубровник поради силниот ветар се откачи приколка од камион и удри во заштитната ограда, објави порталот 24 сата.

На снимката се гледа како ветерот ја превртува и ја фрла во реката.

Полицијата излезе на терен и според првичните информации, нема повредени.
Поради силните ветрови мостот е затворен за целиот сообраќај, а поради дождот и ветерот на патиштата во градот владее тотален хаос па застоите се неизбежни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top