петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

„Последна заблуда“-уште една во низата најубави љубовни пораки од песните на Владо Јаневски (галерија)

Од денеска во низата на најубави љубовни пораки од насловите на песните на Владо Јаневски, се вброи и песната „ Последна заблуда“.

Досега ги слушнавме: „И тогаш некоја будала“ „Некогаш и негде“ „Ако не те сакам“ „Тајна отровна“ „Повторно се заљубувам во тебе“,  „Две души и месечина“, „Чаирска романтика“, „Твојте очи“, „На тебе сè ме потсеќа“ , „Лесно ти е да ме оставиш“, „Ваков или таков“,  „Од овој ден“…

-Оваа песна е посебна во многу аспекти и токму затоа заслужи да добие  оригинален видео запис изработен висококвалитетно и да биде поддржана од компанија што е синоним за квалитет, вредност и постојаност во поддршката на македонската поп музика. Вистинските вредности одат заедно и постигнуваат заеднички успеси, вели Владо Јаневски.

Песната е авторско дело на Владо Јаневски кој се потпишува на текстот и на музиката, аранжманот е на Никша Бартош. Снимена е во загребското студио НБ и Ентерпрајс во Скопје, а снимател и продуцент е Валентино Скендеровски. Спотот е снимен во Маврово и Галичник.

Top