недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 22 ново

Куче изело крек-кокаин и го изгризалo до смрт сопственикот

Марио Перивоитос починал во болница кратко време откако бил нападнат од својот миленик, куче од расата стафорд териер со име Мајор, пишува весникот „Индипендент“.

За кучето постои сомнение дека изело дрога од типот крек-кокаин и потоа го убило својот сопственик, кој учествувал во снимање документарен филм за дрога.

Периоитос добил сериозни повреди во пределот на лицето и на вратот, при што дошло до обилно крвавење и нагмечување на гркланот, покажале наодите од обдукцијата.

Филмската екипа на телевизијата „Би-Би-Си“, која престојувала во неговиот дом во северен Лондон повикала брза помош и се обидела да се избори со кучето, чијашто вилица била цврсто заглавена околу вратот на 41-годишниот сопственик.

Tие биле заробени во станот околу 30 минути. На полицијата и требале речиси 10 минути за да ја отвори вратата од станот бидејќи таа била добро заклучена.

Периоитос снимал документарен филм за „Би-Би-Си“ наречен „Наркомапа на Британија“. Ноќта кога починал, тој се вратил дома по 22 часот под дејство на кокаин и не се чувствувал многу добро што на крајот резултирало и со епилептичен напад.

Кучето потоа го нападнало сопственикот додека овој лежел на креветот.

 

Top