понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 50 ново

EСРА прославува 10 години постоење: Фабрис Далмеида ќе одржи предавање „Светската пропаганда и манипулација-Некогаш и Сега“

По повод десетгодишниот јубилеј на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје на 18 септември, во 11:30 часот, во салата на Кинотека на Македонија, професорот на Сорбона Фабрис Далмеида ќе одржи инаугурално предавање со кое ќе го одбележи почетокот на академската година, на тема „Светската пропаганда и манипулација – Некогаш и Сега“.

Фабрис Далмеида е еден од најбрилијантните интелектуалци на европскиот и светскиот простор, чиишто дела „Историја на светската пропаганда“, „Медиумите и глобализацијата“, „Историја на француските медиуми“, „Монденскиот живот за време на Нацизмот“, „Изворите на нечовечкото во модерната историја“, се објавени на повеќе светски јазици, а самиот тој е автор на исклучително храбри истражувања, кои постигнале голем успех на најгледаните телевизиски мрежи.

Покрај неговата универзитетска кариера, тој е долгогодишен директор на Институтот за историја на сегашноста и автор на бестселерот „Кратка историја на XXI век“. Носител е на бројни интернационални признанија, а непосредно пред неговото предавање, ректорот Јордан Плевнеш ќе го прогласи за Почесен професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.

 

Top