недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 22 ново

Македонци загинаа во рудникот „Леце“ во Србија

Во рудникот „Леце“ во околина на Медвеѓа на југот од Србија, синоќа околу 23 часот, се пронајдени беживотните тела на двајца македонски државјани, кои биле вработени во тој рудник.

Според српските медиуми, раководството на рудникот потврдило дека настрадале македонските државјани З.П. (48) и Т.Н. (53).

Според сведоци, несреќата се случила за време на минирањето не еден дел во рудникот.

Еден од рударите, кој бил во иста смена со настраданите, изјавил дека македонските рудари не се повлекле навреме при минирањето и се задушиле од гасовите во јамата.

Според други сведоци, еден од настраданите македонски државјани, кој бил надзорник, се симнал во јамата по минирањето со колегата, иако бил предупреден да не го прави тоа.

По пронаоѓањето на рударите, лекарите од Домот за здравје во Медвеѓа констатирале смрт.

Истрагата е во тек, а телата на загинатите рудари ќе бидат пратени на обдукција.

Двајцата македонски државјани во рудникот „Леце“ работеле околу четири години.

Top