среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 107 ново

Со шипки му го скршиле стаклото од автомобилот, па го нападнале

Дваесет и тригодишен кумановец, ноќеска во 01:35 часот бил нападнат од неколку непознати маскирани лица во неговиот автомобил, соопшти МВР.Нападот се случил на улицата „Перо Чичо“ во близина на кумановската гимназија, каде што бил паркиран автомобилот „ауди“ на 23-годишниот Б.С. од Куманово.

Непознатите маскирани лица со шипки го искшиле задното ветробранско стакло на возилото и го нападнале момчето кое се здобило со тешки телесни повреди и скршеници.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Top