недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 22 ново

Тетово: Малолетничка падна од автобус и си го скрши черепот

На 11.09.2017 година во 15:20 часот во Клиничката болница-Тетово била донесена 17 годишна малолетничка од с.Боговиње со повреди во пределот на главата.

Од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда – фрактура на черепот, со која се здобила при пад од автобус во движење, односно пред истиот да сопре во с.Палчиште.

Поради сериозноста на повредата во неконтактибилна состојба била пренесена во Клиничкиот Центар-Скопје. Истиот ден во 15:45 часот возачот на автобусот настанот го пријавил во Полициското Одделение-Жеровјане.

За случајот бил запознат Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Top