среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 107 ново

Непотизам и партизација: Таравари избега од Здравство, продолжена рака ќе му биде братучедот Генц Таравари во УО на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас

Иако најави дека ќе го напушти Министерството за здравство и ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари не си заминува целосно. Негова продолжена рака во Здравство ќе биде неговиот прв братучед, Генц Таравари, кој е назначен за член на Управниот одбор на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас.

Решението за именување членови на УО, потпишано од Зоран Заев, е објавено во Службен весник, со што станува правосилно.

„Република“ побара потврда од министерот за срдоството со логопедот Таравари, но до овој момент министерот не одговори.

Притисоци, уцени, „технички грешки“: Семејни кланови и политички пиони ќе раководат со здравството

На истиот датум, во масовното именување партиски послушници на позиции во Здравство, 3 август, 2017 година, именуван е и кардиологот Борче Петковски за член на Управниот одбор на Кардиологија.

Кадровско решение на СДСМ со криминално досие: Заев го назначи кардиологот Борче Петковски за член на УО на Кардиологија

Овие сто дена се најцрните денови во македонското здравство. Последиците од погубните потези што ги презема владата на Заев уште долго ќе се чувствуваат во овој сектор.

За потсетување, во десет дена починаа шест деца, а за ова никој не презема одговорност.

Господине Тарвари, ајде да ги провериме фактите – дали за десет дена починаа шест дечиња?!

Запрени се капиталните проекти, изградбата на новиот Клинички центар, реновирањето на старата Градска болница, односно болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Скандал во здравството: Таравари и Заев фрлаат 72 милиони евра во ветар, граѓаните ќе останат без клинички центар

Не работат апарати во болниците во градовите низ Македонија, а министерот Таравари најави дека ќе ги реформира најуспешните проекти во здравството.

Таравари ќе ги реформира најуспешните реформи во здравството

За почеток, на чело на најголемиот електронски систем во Македонија кој го поврзува целиот здраствен систем беше поставен несоодветен партиски кадар, Беким Хаљими, кој дојде во здравството од „Македонија пат“.

Реваншизам и партиски чистки во „Мој термин“: На местото на Аризанковски поставен Хаљими

 

 

Top