понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 49 ново

Корупцијата во Владата цвета, Заеви по цена на гарсониера купија фабрика, вицепремиерот Анѓушев од државата доби криминален тендер од 2,6 милиони евра

Додека граѓаните со 20.000 евра не можат да купат ни гарсониера со површина од 25 м2, а не индустриски гигант со милионски имот, кланот Заеви ја користи моќта и функцијата на Зоран Заев, за да купуваат фирми по багателни цени

Корупцијата во Владата цвета. Семејството на Зоран Заев по цена на гарсониера купија фабрика, а вицепремиерот Кочо Анѓушев од државата доби криминален тендер од 2,6 милиони евра.

Додека граѓаните со 20.000 евра не можат да купат ни гарсониера со површина од 25 м2, а не индустриски гигант со милионски имот, кланот Заеви ја користи моќта и функцијата на Зоран Заев, за да купуваат фирми по багателни цени.

– Трајче Заев, братучед на аболицираниот криминалец Зоран Заев купи 22.25 отсто од акциите на струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев”, фирма која поседува 7.396 м2 индустриски погони и деловни простори, за само 20.000 евра. Заеви купија фирма со имот која вреди милиони, за само 10 евра по метар квадратен. Акциите купени од Трајче Заев, се купени под паритет, односно под реалната вредност на истите. Заеви со оваа купопродажба се имаат стекнато со несразмерно голем имот, за кој имаат платено само 20.000 евра – изјави Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовска посочува дека од авион се гледа дека нешто не е во ред.

– Заеви заслепени од власта пикираат фирми и имот, вредни милиони, кој го купуваат по багателни цени. Кланот Заеви забрзано ги става под своја капа големите фирми. Основното Јавно Обвинителство (ОЈО) не смее да остане нем сведок на ваквиот мошне сомнителен начин на стекнување на огромен милионски имот за минимални суми. ОЈО и правосудните органи, не смеат да подлегнат под притисоците на власта, за негонење на криминалот во власта. Република Македонија е правна држава и одговорност за секое сторено криминално дело мора да има и ќе има. Сите оние кои ќе се дрзнат да го озаконат криминалот на Заеви и врхушката на власта, треба да знаат дека ќе сносат кривична одговорност со враќањето на демократијата и владеењето на правото во Република Македонија – вели таа.

Неиздржано и потценувачко е правдањето на милионерот Анѓушев дека тој не бил управител туку само сопственик на фирмата „Фероинвест“. Тоа значи дека парите повторно завршуваат во неговиот џеб.

-Внимавајте, криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе овозможи вицепремиерот Кочо Анѓушев да го зголеми своето богатство на над 30 милиони евра. И тоа на грбот на граѓаните на Република Македонија. Очигледно дека криминалната влада на Социјалдемократскиот сојуз ја интересираат само тендерите и енормното богатење на клановите на власт. Анѓушев единствено се грижи за профитот на своите фирми, бидејќи за работа во интерес на граѓаните видовме дека не го бива – истакна Светлана Колариќ.

Обвинителството, додаде таа, треба да утврди кривична одговорност за тоа како се влијаело и под кои услови тендерот припаднал во рацете на фирмата на вицепремиерот Анѓушев.

-Потребно е итно поништување на тендерот како и оставка на милионерот Анѓушев. Она што по ќе се памети Анѓушев се милионерските тендери на неговите фирми како и либерализацијата на струјата која ја најавува и за која се бори, а со цел неговите фирми да добијат повеќе профит, а граѓаните да добијат поскапи сметки за струја. Но, на криминалот ќе се стави крај. Крајот ќе биде на 15-ти октомври кога граѓаните ќе кажат што мислат за нечесното работење на владата на Заев и на Социјал-демократскиот сојуз.

Top