сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 69 ново

Скопјанец направил хаос во охридска пицерија: Ја тепал па ја ограбил поранешната девојка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т. (24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”.

На 29 јули годинава во 19.10 часот во пицерија во Охрид, пријавениот ја малтретирал и упатувал закани на девојката, со која претходно бил во љубовна врска.

Пријавениот ја удирал со раце во пределот на главата и телото, по што и го одзел паричникот во кој имало околу 2 000 денари и го напуштил објектот.

(фото – илустрација)

Top