недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 41 ново

Црвен метеоаларм во Хрватска: Можни се поплави долж брегот на Јадранското море

­ Во Хрватска попладнево е објавен црвен метео-аларм со предупредување од опасност од поплави долж брегот на Јадранско Море, откако се поплавија Задар, островот Хвар, како и делови од Јадранската магистрала. Метеоролозите немаат охрабрувачки вести за прекин на дождот.

Најпогоден од обилните дождови е градот Задар, каде до сега наврна повеќе од 200 литри дожд на метар квадратен, што е двојно повеќе од месечниот просек за септември. Во Задар непрекинато врне дожд седум часа, а поплавени се болницата и еден трговски центар, голем број куќи и деловни простории.

Надојдената вода предизвика прекин на електричната енергија и на комуникациските врски, а водата од чешмите не е за пиење. Хрватската Министерство за одбрана соопшти дека 300 војници и 13 товарни камиони се во состојба на целосна готовност, во случај ако има потреба од дополнителна помош.

Поради поплавите претставниците на хрватскиот државен врв ги прекинаа редовните активности и се упатија кон Задар. Претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за внатрешни работи Давор Божовиќ и за одбрана Младен Крстичевиќ ќе разговарат со локалните власти.

Top