сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 31 ново

Протест на илјадиници Каталонци во Барселона под мотото „Збогум Шпанија”

Илјадиници каталонски сепаратисти се собраа денеска во Барселона барајќи отцепување на тој регион од Шпанија, три недели пред референдумот за независност кој Мадрид го забранува. Околу 400.000 луѓе учествуваат во демонстрациите во Барселона додека се повеќе се заострува реториката меѓу таа богата североисточна покраина и шпанската централна власт.

Демонстрантите, на себе имаа црвено-жолто-сини сепаратистички знамиња и носеа транспарент Збогум Шпанија, и маршираа во центарот на Барселона.

Протестите се одржуваат на денот на национален празник на Каталонија.

Уставниот суд на Шпанија го суспендира законот за референдум, кој во средата беше усвоен од каталонскиот регионален Парламент, додека Државното обвинителство најави тужба против Пуџдемон и другите членови на неговата Влада поради злоупотреба на положбата, а од вработените во јавниот сектор побара да не учествуваат во организирање на референдумот.

– Ова е легален референдум, во согласност со законите кои ги усвои Парламентот на Каталонија, наведе Пуџдемон.

Top