среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 33 ново

Невреме со пороен дожд го зафати скопскиот регион

Кон скопскиот регион за околу половина час се очекува да наиде нестабилна возудушна маса со интензивен пороен дожд, грмежи силен ветер и електрични празнења, локално и во форма на невреме, соопшти попладнево УХМР. Во меѓувреме, во поголемиот дел од градот, обилните врнежи и силниот ветер пристигнаа и ги изненадија скопјани.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека нестабилната воздушна маса доаѓа од албанското подрачје и се придвижува кон Македонија.

Нестабилна облачност има во југозападниот дел од државата и зафатени се охридско-струшкиот и дебарскиот регион. УХРМ најави невреме со интензивен дожд, грмежи, појава на град и силен ветер и во шарпланискиот регион.

Кон крајот на денот и во вечерните часови се очекува нестабилното време да ја зафати целата држава. 

Top