недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 41 ново

Меркел и Путин: Решение за Северна Кореја само со дипломатија

Рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Ангела Меркел ги осудија провокациите на Пјонгјанг кој игнорира резолуции на СБ на ОН, и нагласија дека до решение за ситуацијата на Корејскиот полуостров може да се дојде само со преговори. Како што соопшти Кремљ, по телефонски разговор на двајцата лидери на иницијатива на Меркел, разменети биле мислења за актуелната ситуација на Корејскиот полуостров.

Оценето е дека најновите потези на Пјонгјанг се во спротивност со принципите на глобално неширење на нуклеарното оружје, и се сериозна закана за регионалниот мир и безбедност.

– Потврдено е дека регулирање на кризата е можно со политички и дипломатски средства, обновување преговори на сите страни кои се ангажирани во нив, се нагласува во соопштенеито од Кремљ.

Top