недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 22 ново

„Младински маалски средби“ во Штип: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа на локалните избори (Фото)

Продолжуваат активностите на УМС за поблиска комуникација со младите, на кои тие ги кажуваат своите потреби и проблеми, кои треба да се решат откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт. Голем број млади луѓе се собраа на вчерашната „Младинска маалска средба“ во Штип, организирана од најбројната младинска организација во Република Македонија, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите од Штип порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стигне до голема победа на локалните избори во октомври, победа која ќе биде подлога за предвремени парламентарни избори, каде ВМРО-ДПМНЕ како што велат тие ќе ја врати и власта на централно ниво. Тие велат дека тоа е партијата која единствена се грижи за зачувување на државноста на Република Македонија.

Како и многу други млади луѓе и тие порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија, во која гледаат нивни партнер, кој ќе ги исполни барањата на младите.

Инаку, покрај еуфоричната атмосфера во комитетите и собирите на ВМРО-ДПМНЕ, победа на локалните избори предвидуваат и испитувањата на јавното мислење на граѓаните. Анкетите на институтот „Павел Шатев“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде до голема победа на претстојните локални избори.

37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Top