четврток, 22 февруари 2018 | Вести денес: 0 ново

Почина првиот учител по музика на Тоше Проески

Вчера во своето родно Крушево почина почитуваниот музиколог и гитарист Христо Христоски – Мулар. Мулар беше првиот учител на легендарниот Тоше Проески кој во повеќе наврати имаше изјавено дека суштината на музиката ја има научено токму од него.

Покрај Тоше, Мулар имаше соработувано и со повеќе ѕвезди како Кемал Монтено, Зоран Џорлев, Драган Вучиќ, Влатко Стефановски со кого пред две години ја држеше Крушевската гитарска работилница за млади теленти и многу други.

Во својата кариера има издадено неколку антологии на влашки песни и збирки на македонски фолклорни бисери, а како гитарист има настапувано и на престижниот Макфест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top