недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 41 ново

Ирма го опустоши приватниот остров на Ричард Брансон (Видео)

Милијардерот Ричард Брансон сподели снимка од неговиот имот на приватен остров после ураганот Ирма.Милијардерот поседува остров кој е дел од Девствените острови на Карибите. Ова подрачје беше најпогодено бидејќи токму во тој период ураганот Ирма се наоѓаше во петата категорија.

Имотот на Брансон е комплетно уништен, а сите работи кои се наоѓале во вилата после ураганот се нашле уништени надвор. Дрвото е целосно искоренето, прозорците уништени, а уништена е и конструкцијата на објектот. Сите објекти на Девствените острови се целосно уништени. Медицински екипи започнале да пристигнуваат со хеликоптери и вршат евакуација на повредените лица.

Брансон истакнал дека најголем дел од телекомуникациските врски се во прекин. Тој и неговиот тим пристигнале на островот со цел да му помогнат на тамошното население.

„Ова е приказна за десетици илјади луѓе кои ги изгубиле своите домови и целиот имот. Изминативе два дена ги поминавме со тим од луѓе кои му помагаа на населението, делејќи и храна и лекови. Од прва рака можевме да видиме колку беше бесна и незаборавна оваа бура“, изјави Брансон.

Брансон на интернет отвори и страница за донации за помош на луѓето од сите острови погодени од ураганот Ирма.

Top