петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 112 ново

Груевски во Волково: Новата Влада ги запре проектите кои ги почнавме во оваа општина

Груевски денеска го посети Волково каде новата Влада ја запре градбата и асфалтирањето на улиците. Тој се сретна со граѓамите.

-Тука пред неполн месец со асфалтирање се завршени улиците 31 и 33 – ветување од последната моја посета на Волково, во вредност од околу 6 милиони денари. За жал жителите ме информираа дека запрени се преостанатите проекти кои ги започнавме во оваа општина додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата, напиша Груевски на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој додаде дека новата Влада запрела со градба и асфалтирање на улици, како и градба на канализациона мрежа, кои самите граѓани ја барале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top