среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 36 ново

Со незнаење и неупатеност Марин бара гарадоначалнички мандат

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром на СДСМ, Златко Марин, го покажа своето елементарно незнаење и неупатеност во ингеренциите на локалната самоуправа реагира општина Аеродром на прес-конференцијата на Марин, на која, меѓу другото, изнесе неточни информации со кои ја манипулира јавноста и покажува дека нема елеметрарни познавања од состојбите во општината.

„Марин обвини дека општината требало да преземе активности за расчистување на местото викано Бановина во Горно Лисиче, кое се наоѓа во приватна сопственост. Меѓутоа, тој очигледно дека не знае дека Општината, за жал, нема надлежност да интервенира во уредување на приватен имот.

Да биде иронијата поголема, тој ја држеше прес-конференцијата со поглед кон прекрасниот парк во Бановина, во делот каде што се средени имотно-правните односи на истиот локалитет, кој Општината го изгради со огромна водена површина, фонтани, летниковци, зеленило и детско катче со реквизити за најмалите, пишува во реакцијата на општина Аеродром.

Општината информира дека работи на Детален урбанистички план, кој треба да биде донесен за една година, со што се предвидува целосна урбанизација на местото викано Бановина. Со тоа, ќе му се овозможи на сопственикот на неуредениот дел да го среди, преку реализација на истиот ДУП.

„Истовремено, упатуваме барање до Владата на Република Македонија да предвиди законско решение со кое локалните самоуправи ќе добијат право и надлежност да интервенираат во напуштени земјишта и локации, кои се во приватна сопственост, или пак, да изрекуваат казни за несовесните сопственици. Со тоа во голема мера ќе се олесни работата на Општините, а ќе биде од голема корист за жителите од околината на тие места“.

Top