петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 2 ново

Конечен список на осумте најздрави намирници на светот

Таканаречената „суперхрана“ се состои од суперсостојки кои на телото му даваат се она што му е потребно за да биде здраво.

Ова е конечниот список на храната која е здрава да се јаде:

1.Печурки

Тие се одлична нискокалорична замена за црвено месо. Печурките го регулираат нивото на естроген кај жените и штитат од рак на дојка.

Брз рецепт: Насечкајте печурки и пропржете ги на масло, додајте лук и вино и динстајте ги додека виното не испари. Ова е одличен прилог со печени пилишки гради.

2.Јачмен

Житарка богата со влакна и вистински борец против зголемениот холестерол и е многу корисна за регулација на варењето на храната.

Брз рецепт: Сварете јачмен и грав, додајте кој бил зеленчук и имате вкусно варивно. За подобар вкус, може да додадете парчиња пршута.

3. Ореви

Намирница богата со моега 3-масни киселини кои го намалуваат лошиот и го регулираат добриот холестерол.

Брз рецепт: Помешајте една рака ореви, суви смокви и семе од анис и имате енергетска бомба која може да јадете меѓу оброци или како десерт.

4.Интегрални тестенини

Најздравиот облик на тестенина кој содржи трипати повеќе влакна од која било друга. Житарките со цело зрно се одлични се за варење на храната и се многу здрави.

Брз рецепт: Исприжите малку кромид и додајте туна во маслиново масло, пченка и сечкан патлиџан. Сосот послужете го со пармезан и со интегрално тесто.

5. Путер од кикиритки или бадем

Овие намирници содржат мононезаситени масни киселини кои се многу добри за срцето.

Брз рецепт: Измиксирајте две шолји пржени кикиритки или бадеми, една и пол лажица масло, пола лажица кафен шеќер и прстофат сол. Ако сакате путерот да биде поблаг, додајте мед.

6. Квиноја

Не е житарка, туку семка сродна на цвеклото и спанаќот. Богата е со белковини, аминокиселини, фосфор, магнезиум и железо и му пружа енергија на телото.

Брз рецепт: Квинојата е прилог кој оди со сите јадење. Подгответе ја место ориз и тестенина. Одличен додаток со варен зеленчук и пилешко на скара.

7. Боровница

Ова суперовошје е богато со влакна, одличен антиоксиданс и исклучително корино за крвта. Тие се одличен извор на витамин Ц, фолнска киселина, калиум, калциум и железо.

Брз рецепт: Сладолед од ванила или јогурт прелијте ги со боровница и ќе добиете здрав десерт.

8. Леќа

Спаѓа во групата зрнести мешунки. Не содржи заситени масти, како ни штетен холестерол, а е одличен извор на хранливи влакна.

Брз рецепт: Леќата одлично се комбинира со патлиџан, кромид, лук, месо, маслиново масло и овчко и козјко сирење. Може да направите вкусно вариво или да биде како прилог на месото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top