четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 91 ново

Победниците на фестивалите во Кан и Венеција на годинашниот „Синедејс“

На годишнашното издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој ќе се одржи од 9 до 18 ноември во Скопје ќе бидат прикажани филмоите кои победија на филмските фестивали во Венеција и во Кан, соопшија од Младинскиот култрен центар (МКЦ).
Се работи за филмовите, „The Square“ на Рубен Остлунд, добитник на „Златната Палма“ во Кан и за филмот „The Shape of Water“ на Гилермо дел Торо, добитник на „Златен Лав“ во Венеција.
– „Синедејс“ оваа година најавува неверојатно богата и квалитетна филмска програма, но, по квалитет, разноликост и содржина нема да заостане ниту музичката програма, засега е најавен само концертот на Њујорчаните ЧкЧкЧк за 13 ноември – велат од МКЦ.
Top