понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 49 ново

Протест на работниците од „Колска“ излажани од Заев и Владата на СДСМ (ВИДЕО)

Зоран Заев не си сети на зборот што им го даде на вработените во „Колска“. Сѐ уште ги чекаат заостанатите плати иако со слатките зборови на Заев им беше речено дека „презема обврска уште денеска да почне решавањето на проблемот на вработените кои шест месеци немаат земено плата, а ќе се изнајде и трајно решение за статусот на фабриката“.

Вработените од „Колска“ штрајкуваат, ги бараат ветените плати

Ветувањето Заев им го даде на 27 јуни, при посета на фабриката, а до ден-денеска работниците не добиле ниту денар.

 

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев имаше средба со претставниците на синдикатот на вработените во Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, соопшти денеска неговиот кабинет.

Повторно биле ислушани барањата на вработените од Колска и повторно им било ветено дека Владата ќе работи да го надмине проблемот, а вработените да ги добијат своите примања.

Проблемите на вработените во Фабриката за шински возила „Колска“ не се од вчера, всушност овие проблеми се со подолг рок и се влечат веќе со години. Владата ќе го реши проблемот и вработените ќе добијат плата. Но, во исто време целта на Владата е да се најде трајно и системско решение, со кое фабриката ќе има работа, а вработените навремено ќе ги добиваат своите примања, како и социјално и зравствено осигурување“, потенцирал вицепремиерот Кочо Анѓушев, стои во соопштението од неговиот кабинет.

Top