среда, 21 февруари 2018 | Вести денес: 70 ново

Папата се појави со модринка и крв на мантијата во Колумбија

Папата Франциско се појави во јавност со модринка, крв над левото око и со крв на мантијата. Ватикан соопшти дека папата се удрил во неговиот автомобил додека патувал кон градот Картагена, Колумбија.

-Папата се чувствува добро, но има модринка на левиот образ и над окото, рекол портпаролот на Ватикан, Грег Бурке.

Тој додал дека папата се удрил во автомобилот, а дека на раната ставил мраз.

И покрај повредата, папата продолжил да се поздравува со илјадниците луѓе насобрани на улиците на Картагена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top