недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 22 ново

Бакнувањето го зајакнува имунитетот

Група јапонски научници спровеле истражување во кое учествувале 48 луѓе, од кои половина имале проблеми со егзема (вид на атопичен дерматитис), а останатите биле алергични на полен. Нивната задача било по 30 минути во денот да слушаат романтична музика и да се бакнуваат со своите партнери. Потоа им била направена анализа на крвта.

Откако поминале две недели од овој експеримент, научниците повторни направиле истражување, но овојпат, наместо бакнување, паровите разменувале прегратки. Анализите на крвта покажале дека нивото на имуноглобулин, антитело кое го создава имунолошкиот систем како реакција на алергии, значително се намалило после експериментот со бакнежите.

Според научниците, иако преку еден бакнеж со партнерот разменуваме помеѓу десет милиони и милијарда бактерии, бројните антибактериски состојки кои ги има во нашата уста, ќе ги убијат скоро сите бактерии пред воопшто тие да се развијат.

Затоа продолжете само напред со делење бакнежи. Тоа ќе ве направи среќни, но и здрави.

Top