среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Словенија и Германија-четвртфиналости во Истанбул

Словенија и Германија се првите земји учеснички на Европското кошаркарско првенство што обезбедија пласман во четвртфинале. Словенечкиот национален тим во осминафиналето ја совлада Украина со 79:55 (по четвртини: 26:17, 16:10, 26:16, 11:12) во воведниот дуел од топ 16 фазата. Најистакнат притоа беше Ентони Рендолф со 21 поен, дабл-дабл ефект на Лука Дончич (14 коша, 10 скока), Клемен Препелич уфрли 14 поени. Единствен двоцифрен во поразената селекција беше Максим Пустозвонов со 11 коша. Противник на Словенија во четврт-финалето во вторник ќе биде подобриот од пресметката меѓу Црна Гора и Летонија.

Денис Шредер и Даниел Тајс, пак, се германски херои на денот во Истанбул. „Панцерите“ во осминафиналето ја поразија Франција со 84:81 (по четвртини: 10:19, 24:21, 21:16, 29:25) во четврт-финале ќе излезат на мегдан со победникот од средабата меѓу Турција и Шпанија.

„Триколорите“ во мечот влегоа како фаворити, улога со каква допатуваа и на турнирот за највисок пласман. Германија беше во благо подредена ситуација особено што низ подготвителниот период и во петте настапи во групата Б во Тел Авив ја влечеше Денис Шредер. Тој и овојпат беше нејзин најдобар поединец со 21 поен и осум асистенции, но сега имаше огромна поддршка и од Даниел Тајс кој го заврши мечот со 22 коша и седум скока.

Прв стрелец кај Французите беше Еван Фурние со 27 поени, Борис Диао реализира 15 во комбинација со девет скока и пет додавања меѓутоа составот на Венсан Коле на крајот не успеа да избегне елиминација. Нандо де Коло не погоди тројка за продолженија, па заедно со соиграчите мораа да се помират со прв осминафинален пораз на ЕП од 1997 година.

ЕП 2017 во кошарка – осминафинале

Словенија – Украина 79:55

Германија – Франција 84:81

Финска – Италија (17,45 ч.)

Литванија – Грција (20,30 ч.)

Top