понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 49 ново

Трогателно писмо од Сара, внуката на актерот Љубиша Самарџиќ: „Дедо, а сад адио!“

Мислам дека е излишно да се споменува твојата кариера и каква чест беше да бидам внука на таква легенда. Ти ми покажа што значи борба и колку сила си имал и колку твоето срце беше силно … Ова  го напиша на Фејсбук внуката на починатиот српски актер Љубиша Самарџиќ – Сара, ќерката од неговиот син Драган, кој си отиде пред време од леукемија.

“Имав среќа да те познавам 23 години, уште од времето кога бев сосема мала и не разбирав што е тоа да си актер и да си познат, и се прашував што прават овие непознати луѓе кои постојано задржуваат дедо ми, плачев додека ги гледав сериите од “Полицаецот од Петлово Брдо”, бидејќи таму дедо ми беше со четири жени, а ниту една од нив не беше баба ми … ” “Непотребно е да се спомене твојата кариера и каква чест беше да си внука на таква легенда. Ти ми покажа што значи борба и колку сила си имал и колку било силно твоето срце. Знам дека таму горе си подобро и после толку години ќе се видиш пак со твојот Гага. Не грижете се за нас, не си не оставил сами. Стефан ќе се грижи сега за нас, тој сега е глава на семејството, а ти и Гага од небото. Дедо, а сега Адио “напиша Сара.

Top