среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 36 ново

Косово доби нова влада

Со 62 гласа „за“ и еден воздржан, косовскиот парламент вечерва ја избра новата влада, предводена од лидерот на Алијасна за иднината на Косово, Рамуш Харадинај.
Владата ја поддржаа партијата на Харадинај, Демократската партија на Кадри Весели, Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај, Алијансата за Ново Косово на Беџет Пацоли, пратеничката група на Србите и онаа на немнозинските етнички заедници.

Пред гласањето собраниската сала ја напуштија пратениците на движењето „Самоопределување“ и Демократскиот сојуз.

Во кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај, прв потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата е Беџет Пацоли, потпретседатели се Енвер Хоџај, Фатмир Лимај, Далибор Јевтиќ, кој ќе биде и министер за враќање на раселените и за заедниците и Дардан Гаши, кој ќе биде задолжен за дијаспората и за привлекување инвестиции.

Top