недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 7 ново

Монако го губи чекорот со ПСЖ

Шампионот Монако го претрпи еден од најтешките порази во последните неколку сезони, откако вечерва загуби на гостувањето кај Ница со 4:0.

Два гола постигна Балотели, по еднаш погодија Плиа и Ганаго.

За актуелниот шампион во Лига 1 ова беше прв пораз сезонава по што заостанува три бода зад лидерот и најголем фаворит за титулата, екипата на Пари Сен Жермен.

Парижаните вчера во 5.коло славеа убедлив триумф на гостувањето кај Мец со 5:1 и се осамени на врвот на табелата со максимални пет победи.

Top