среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Го оперирал носот, си направил проблем со пенисот: Цигановиќ страда од неподносливи ерекции (ФОТО+ВИДЕО)

Хрватскиот моден стилист Невен Цигановиќ е главна тема во Велика Британија. За неговата ерекција пишува Дејли меил, а документарец снима и британскиот Ченел 4.

По естетски зафат со кој лекари во Иран му го рамнеле носот, Невен Цигановиќ (45) добил неподносливи болки поради ненадејна ерекција која не е предизвикана од сексуална страст. Така, неговиот здравствен проблем станал светска тема број еден, Дејли меил пренесува за овој несекојдневен проблем, а во текстот за „зависникот од пластични операции“ се наведува дека Цигановиќ наводно снимал документарец за пластична хирургија, а „болната состојба“ ја предизвикал анестетикот што го примил во текот на операцијата. Самата операција не била снимена, туку само консултациите со лекарите. Освен тоа, се осврнале на бројните естетски корекции на стилистот.

Модниот стилист деновиве закрепнува во белградска клиника По грешката во Иран двапати бил опериран во Забреб, но безуспешно, а сега по третата оепрација закрепнува во Белград.

– Лежам во белградска болница од петокот. За жал, не добивам аналгетици, зашто овде не им се издаваат на пациенти, така што трпам неподносливи болки, Морам да лежам уште пет-шест дена, вели тој за 24сата.хр.

Сепак, се радува на филмот што му го посветува Ченел 4.

– На Ченел 4 ми посветија цела емисија. Мислам дека тоа е голема работа и се надевам дека е почеток на мојата интернационална кариера. И покрај болеста, размислувам позитивно.

Од младоста досега Циги направил десетина операции. Најмалку трипати го разубавувал носот, а во усните има вградено силикони. Двапати ги појачувал јагодиците и брадата, а телото му е прекриено со тетоважи од бакнежи, пинап девојки и животни.

Top