среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 36 ново

Харадинај министер за одбрана во новата косовска влада

Новата косовска влада, која се очекува да биде изгласана денеска, на итна седница на Парламентот, ќе има 21 министерство.

Врз основа на договорот Демократската партија на Кадри Весели (екс лидер Хашим Тачи) ќе го раководи ресорот правда, Алијасата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај освен премерското место ќе го добие и ресорот одбрана, додека „Српска листа“ добива три ресори. Министерското место без ресор ќе и припадне на турската партија, односно на немнознските етнички заедници.

Србите го добиваат ресорот враќање на раселените лица и како и во претходната влада на чело ќе биде Далибор Јевтиќ. И Иван Тодосијевиќ останува во владата како прв човек на Министертството за локална самоуправа, додека Ненад Рикало, од член на Централната изборна комисја ќе седне во Министерството за земјоделство. Едниот од нив во истовреме ќе биде вицепремиер.

Најмногу ресори ќе добие Демократската партија, правда, финансии, здравство и евроинтеграции и едно вице премиерско место.

Иако ДП има најмногу министерски места, сепак клучните министерства одат кај Алијансата за Ново Косово на Беџет Пацоли, кој според договорот ќе биде нов шеф на дпломатијата. Кадри на оваа партија ќе ја раководат и полицијата, Министерството за економски развој, како и првото потпретседателско место во владата.

Најмалку министерски места доби партијата на Хараднај, она за инфраструктура и одбрана, односно Министерството на безбедносните сили на Косово.

Top