вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Шилегов ги помеша изборите и противкандидатите: На локалните ќе се ослободува од Груевски (ВИДЕО)

И оваа година СДСМ организира партиска прослава на Денот на независноста во месноста Три Круши, над Драчево. На свеченоста, покрај Заев, се обрати и кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, еден од потпретседателите на партијата Петре Шилегов.
Она што ги збуни присутните граѓани беше конфузниот настап на Шилегов. Шилегов втрча на бината како рок-ѕвезда, рокерски се фати за микрофонот и ги поздрави присутните со ветување дека на 15 октомври ќе го руши Никола Груевски.

Традиционално години наназад започнувавме различни битки и покажавме и докажавме ние сме тие кои ја чуваме самостојноста и независноста на Македонија. Ние сме тие коишто ја водиме Македонија во победи, ние сме тие коишто ќе ја внесеме Македонија во Европа, И тука ви кажувам, почитувани граѓани, 26 години имавме сериозни предизвици, 26 години опстојувавме, 26 години кажувавме не на сите бранови, на сите силни ветришта кои не удираа во лицето. И одовде ќе ја започнеме конечната битка за дефинитивно конечно ослободување на нашата земја од режимот и диктатурата на Никола Груевски. Изборот на овие локални избори е едноставен – или сте за Никола Груевски или сте за Македонија, рече конфузниот Шилегов.

Шилегов изгледа нема голем допир со реалноста, па заборавил дека парламентарните избори поминаа на 11 декември, а овие што следуваат на 15 октомври се локални. Никола Груевски не му е противкандидат, туку Коце Трајановски. Никола Груевски не е кандидат за градиначалник на ниту една општина, така што Шилегов не мора да стравува ниту да го соборува.
Шилегов, исто така, не знае дека 100 дена е тој на власт, односно партијата што го кандидира, па оттука, единствено таа партија и тој како нејзин кандидат можат да бидат соборени од власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top