сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 3 ново

Детали од животот на хирургот: Жени и алкохол – ете тоа го уби

Бракот со актерката Ивана Панзовиќ (30), со која се посвршил во април годинава, на хирургот Срѓан Цветановиќ (59) требало да му биде трет брак, сведочат неговите пријатели.

– Пред 15 години Срѓан се разведе од првата сопруга Тања, која е професорка, со која има тројка, две ќерки и син, кои тогаш имаа по седум години. Потоа се ожени со медицинската сестра Марија, која се грижеше за татко му. Со неа се разведе кога ја запозна Ивана. Му беше пациентка, ѝ вградуваше силикони. Многу се засакаа, па ја остави Марија по три години брак, раскажува пријател на Срѓан.

Тој вели дека Срѓан живеел како беќар, а толку тоа и го убило.

-Срѓан живееше како ерген, на висока нога, почна многу да пие. Имаше многу убави жени околу него, не беше имун на жени, тоа целосно го излуде. Почна да се сомнева дека и Ивана така живее како тие жени околу него, па почнаа многу да се караат.

Семејната драма и врска преполна со силни емоции заврши вчера околу 4.30 во станот во којживееле на Дедиње.

Непосредно пред трагедијата Срѓан и Ивана се скарале, а кога караницата кулминирала, Ивана повикала полиција и помош. Пријавила семејно насилство и рекла дека Срѓан ја брка по станот со нож и дека сака да ја заколе. Иако патролата пристигнала за нецели две минути, Срѓан успеал двапати да го повлече орозот – еднаш пукал во Ивана, а еднаш во себе.

-Додека нишанел во Ивана, викал: „Кога не си моја, нема да бидеш ничија“. Помислил дека ја убил, па пукал и во себе, вели пријателот на докторот.

Кога влегла во станот, полицијата затекнала две раскрвавени тела. Ивана крвава се држела за глава, а Срѓан бил мртов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top