сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 69 ново

Новата песна од Џорџ Мајкл која излезе 9 месеци по неговата смрт (Видео)

На 25 декември, минатата година музичката индустрија имаше огромна загуба и тоа не било кој, туку на Џорџ Мајкл.

Токму затоа многу негови соработници се уште ги преработуваат неговите песни, а една таква соработка се објави денес.

Станува збор за ремикс на песната „Fantasy“ од Нил Роџерс. Џорџ ја испеа оваа песна во 1990-та година. Самиот пејач побарал совет од Нил во врска со оваа песна во 2016 година, кој исто така сакал да ја преработи.

Песната беше официјално пуштена денес на BBC Radio 2, но пред тоа беше прочитано писмо од неговиот менаџер, Дејвид Остин. Во писмото се зборува за соработката која Џорџ сакал да ја исполни со Нил, но и се споменува ветувањето од неговите сестри.

Top