петок, 19 јануари 2018 | Вести денес: 51 ново

Ибрахимовиќ со порака го најави враќањето: Никогаш не заминав, само го надградив бројот

Златан Ибрахимовиќ дефинитивно ќе остане во Манчестер Јунајтед и оваа сезона, но барем засега не е на располагање на менаџерот Жозе Мурињо поради фактот што се уште се рехабилитира од повредата заработена пред неколку месеци.

Швеѓанецот во меѓувреме му го препушти дресот со број 9 на Ромелу Лукаку кој дојде во Јунајтед во периодот кога Ибра го немаше продолжено договорот, а денеска на интересен начин го најави враќањето во тимот и промената на дресот кој ќе го носи.

– Никогаш не ни заминав. Само го надградив бројот, стои во описот на фотографијата на Ибрахимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top