недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 7 ново

Заеднички тренинг на Нејмар и Мбапе: Првата средба на засилувањата на ПСЖ вредни 400 мил. евра (Видео)

Пресреќен сум што ќе играм во ист тим со Нејмар. Сите знаеме за како мајстор станува збор. Мојата цел е да постигнам што повеќе голови и да му помогнам на Нејмар да ја освои Златната топка, вели Мбапе.

Нејмар го сруши светскиот рекорд кога за 222 милиони евра пристигна во ПСЖ, а по неговите чекори за помалку од еден месец тргна и Килијан Мбапе, кој пристигна за 180 милиони евра. Многумина се прашуваа како двоецот ќе функционира во ист тим, но  Бразилецот и Французинот веднаш покажаа дека ќе соработуваат

Челниците на ПСЖ се надеваат дека троецот Нејмар-Кавани-Мбапе ќе ги однесе на врвот на Европа, а тие првиот свој заеднички настап ќе го имаат утре против Мец.

Top