недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 7 ново

Логична разврска на сагата: Санчез во јануари оди во Сити?

Чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез беше желба на повеќе тимови овој трансфер период, но Арсенал на крајот одби да го продаде. Според извештаите од Островот, последниот ден од трансфер рокот, понудата на Сити за Санчез била прифатена, единствено се чекало Венгер да ја потпише неговата замена, по што тој требало да премина кај „граѓаните“. Сепак, Арсенал не успеа да донесе никој во последните денови од Август, па одличниот крилен напаѓач остана кај „топчиите“.

Сега Арсенал се соочува со нов проблем, бидејќи договорт на Санчез истекува на лето 2018 година, кога ќе може да се замине како слободен играч. Англиските медуми сега пренесуваат дека Сити е спремен во јануари да испрати нова понуда од 20 милиони фунти, која би можела да биде добро и најлогично решение за сите страни, со оглед на тоа што јануари ќе виде последната шанса за Арсенал да наплати одредена сума за својот најдобар фудбалер.

Санчез е веќе има постигнато договор со „граѓаните“ и сигурно дека ќе се пресели на „Етихад“, само е прашање дали тоа ќе се случи во јануари или на крајот на сезоната.

Top