сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 79 ново

По малку е луда, но е посебна и магична: Позната причината зошто хирургот пукал во својата девојка Ивана

Српската актерка Ивана Пазналовиќ (30) рано утрово била тешко повредена во еден стан во Белград откако нејзиниот дечко, 59-годишниот хирург Срѓан Цветановиќ пукал во неа. Веднаш потоа тој извршил самоубситво.

Според сведочењата на соседите, расправијата почнала околу 2 часот по полноќ, а потоа по се изгледа имало и тепачка меѓу парот.

– Изгледа фрлаа предмети еден кон друг. Слушнав како се крши нешто стаклено, веројатно се гаѓале со чаши, изјавил еден од соседите.

Кратко потоа, од балконот од станот паднал вентилатор, по што се слушнале истрели.

– Ме разбуди пукање, за кратко следеше уште еден истрел. Не знаев што се случува, а кога излегов во влезот разбрав дека цела вечер се расправале, раскажала една од сосетките за Ало.рс.

Полицијата го нашла Срѓан мртов со пиштол во раката, а Ивана иако застрелана, била свесна и брзо била пренесена во болница. По интервенцијата на докторите, таа сега е надвор од животна опасност.

Според пријатели на двојката, врската им била подолго време во криза, а кога Ивана синоќа му соопштила дека сака да се разделат, Цветановиќ наместо да оди на работа каде требало да биде на смена, замолил колега да го замени, по што се упатил дома.

– Погоден од раскинувањето, се упатил дома за да разговараа со Ивана, нешто што заврши трагично, изјавил пријател на парот за сршските медиуми.

Како што коментирале нивните познаници, Ивана одамна сакала да го остави, но Срѓан не и дозволувал и на неколку пати успевал да ја убеди да останат во врска. Пред околу еден месец тој на својот Фејсбук профил открил дека се вериле, а својата избраничка ја опишал како „жена од неговите соништа, која иако е малку луда, е посебна и магична“.

Тој важел за одличен хирург и бил почитуван меѓу своите колеги, додека младата актерка градела успешна кариера и до сега се имала појавено во повеќе телевизиски серии.

Top