сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 58 ново

Флекситеријанство – најголем тренд во исхраната во 2017 година

Флекситеријанство се смета за најголем тренд во исхраната за оваа година. Како што наговестува и самото име, станува збор за флексибилно вегетаријанство. Нешто како вегетаријанец со повремени отстапки. Сега веќе не морате да се етикетирате како строг вегетаријанец и одвреме-навреме може да се дозволите и малку месо.

Зад овој термин стои оној вид исхрана што се препорачува за здрав и долг живот – а тоа е правилна исхрана и умереност во јадењето, со акцент на зеленчук и овошје и минимално консумирање месо.

Наводно, овој нов тренд сугерира и зголемена свесност кон тоа што го внесуваме во нашето тело, како и поголема грижа за здравјето, но и за околината. Всушност, овој тренд не нуди ништо ново, само можете да се правите главни во друштво и да кажете дека сте флекситеријанец.

извор: pharmanews.mk

Top