четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 91 ново

Во Африка ќе се преигра квалификациски меч поради судиска грешка

ФИФА во средата објави историско решение – за првпат во историјата еден меч од квалификациите ќе се преигра и тоа поради судиска грешка.

Дуелот меѓу Јужна Африка и Сенегал, кој се играше во ноември минатата година и заврши 2-1 за домаќинот, но ќе биде преигран поради грешка на судијата од Гана Џозеф Лемпти, кој во финишот на првиот дел свирнал пенал за Јужна Африка поради игра со рака на гостински играч од Сенегал иако игра со рака немало.

Уште во март годинава Лемпти бил доживотно казнет поради „незаконско влијание врз резултатот на мечот“ и бил дисквалификуван. На еден од неговите помошници му било дозволено да суди. Лемпти кој има 42 години важел за еден од топ африканските судии кои меѓу другото судел и на Купот на Африка 2015 и на Олимпијадата во Рио. За подобро изгледа не е.

Мечот Јужна Африка – Сенегал кој се играше во ноември 2016 и заврши 2-1, ќе се преигра во ноември 2017. Тоа решение може драстично да влијае на ситуацијата во групата D од Африканските квалификации каде Сенегал сега е трет зад Буркина Фасо и Капе Верде. Јужна Африка е последна а на Светско оди само првиот од групата.

Top