четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 91 ново

Како да ги препознаете најчестите убоди од инсекти

На сите ни се случило да имаме блиска средба со инсекти. Овој проблем е поголем во текот на летниот период. Понекогаш, тешко е да препознаете што точно ве боцнало. Убодот може да ве боли, чеша, па дури и да отече. Постојат многу различни видови инсекти и сите пренесуваат различни болести, така што многу е важно да препознаете од каде потекнува убодот. Овој краток водич ќе ви помогне да откриете точно кој инсект ве нападнал…

Стршен

стршен

Местото на убодот од стршен поцрвенува и многу отекува. Може да се појават и чиреви. Жртвата чувствува многу силна болка што е полоша и од онаа на убод од оса. Отровот на стршенот е многу поотровен, бидејќи самиот инсект е поголем. Отровот содржи хистамин и ацетилхолин. Доколку ве боцне стршен и почувствувате студ во екстремитетите, ушите и усните ви станат сини и имате проблеми со дишењето, мора да одите на доктор.

Пчела

пчела

Треба да ја отстраните боцката од повреденото место. Кожата обично поцрвенува и отекува. Потоа се јавува пецкање, остра болка и силен јадеж. Ако не сте алергични, тука ќе завршат вашите маки. Меѓутоа, доколку сте алергични на отровот од пчелата, може да имате проблеми со дишењето.

Оса

оса

Симптомите на убод од оса се исти како оние на убод од пчела. Местото поцрвенува, отекува, се јавува болка и пецкање, а подоцна се јавува и чешање. Може да се појави и крварење на кожата. Осата може да ве боцне повеќе пати. Исто така, многу е важно да знаете дали сте алергични на оси, бидејќи може да паднете во анафилактички шок.

Комарец

комарец

Убодот од комарец изгледа како отечена црвена точка со големина на бобинка. Најчесто се јавува на отворените места од телото. Комарците ги касаат местата каде што кожата е многу тенка и лесно може да се дојде до крвните садови. Кога касаат, тие испуштаат плунка во раната. Нивната плунка содржи антикоагуланти кои ја прават крвта поретка. Поради тоа кожата станува црвена, отекува и се јавува јадеж.

Крлеж

крлеж

Телесната реакција на убод од крлеж е црвена точка. Инсектот може да остане во жртвата подолго време и да станува поголем пиејќи ја нејзината крв. Најлошо е тоа што крлежите ги заразуваат луѓето со енцефалитис, лајмска болест и многу други болести. Ако го отстраните крлежот од телото, но црвената точка не исчезне и продолжи да расте, мора да посетите доктор што е можно побрзо.

Болва

болва

Убодите од болва лесно можат да се помешаат со алергија или убоди од комарец, бидејќи исто така се јавуваат црвени и отечени точки. Меѓутоа, за разлика од комарците, убодите на овие инсекти се многу болни и јадежот е многу посилен. Болвите обично ги напаѓаат нозете и само човек што спие може да стане нивна жртва. Еден инсект може да нападне неколку пати, така што растојанието помеѓу црвените точки обично изнесува од 1 до 2 сантиметри. Болвите пренесуваат многу сериозни инфекции.

Мравка

мравка

Повеќето мравки не претставуваат закана за луѓето. Меѓутоа, црвените огнени мравки можат да предизвикаат многу проблеми. На каснатите места се појавуваат чиреви од кои подоцна остануваат лузни. Отровот на мравките содржи отрови, така што жртвата може да има алергиска реакција или да доживее анафилактички шок.

Коњска мува

коњска мува

Штркелот или коњската мува изгледа како голема дебела мува. За разлика од обичните муви, убодите од овие инсекти се многу болни и тие пијат човечка крв. Најпрво се појавува мала црвена точка која е широка околу 1 милиметар. Потоа, таа отекува и почнува да чеша. Коњските муви пренесуваат разни болести како што се туларемија и антракс, но овие инсекти најчесто напаѓаат добиток, а не луѓе.

Вошка

вошка

Ако забележите мали црвени точки што личат на убоди од комарец на места каде што расте коса,односно на главата, вратот или зад ушите, тоа значи дека сте биле каснати од вошки или срамни вошки. Растојанието помеѓу убодите изнесува неколку сантиметри и кожата изгледа како да била прободена. Вошките пренесуваат многу сериозни болести како што се рововска треска и тифус.

Креветна дрвеница

креветна дрвеница

На прв поглед, убодите од креветна дрвеница личат на убоди од болва, комарец или алергиска реакција. Кожата поцрвенува, отекува и почнува да чеша. Меѓутоа, постои начин со сигурност да се препознае убодот од креветна дрвеница. Убодите се многу блиску еден до друг и личат на мали патеки на кожата. Убодите од овој инсект се многу поболни од оние на комарците. Многубројните патеки може да се забележат наутро, бидејќи креветни дрвеници ловат навечер.

Извор: Кафе пауза

Top