недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 7 ново

Ако Хари се ожени со Меган, кралицата нема да дојде на свадбата

И додека целиот свет типува на името на третиот наследник на принцот Вилијам, за принцот Хари и Меган Маркл сѐ помалку се зборува иако и новниот љубовен живот е интересен.

Во есенското издание на „Венити фер“ актерката открива детали за нивната врска.

„Ние сме двајца кои се сакаат и се среќни заедно. Тоа е многу едноставно. Нормално дека има предизвици на кои не сум навикната, но имам подршка од пријателите и семејството.

„Таблоиди не читам и не знам што се пишува, па од таа страна сум многу мирна“, вели Меган. Инаку се погласни се шушкањата дека актерката може да стане новиот член на кралското семејство, иако во тој случај, кралицата Елизабета нема да присуствува на венчавката, бидејќи Меган е разведена.

Top