сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 58 ново

Од денеска почнува со работа гинекологот во Шуто Оризари

Шуто Оризари е само една од општините низ Македонија во која жените немаа пристап до матичен гинеколог.

Со одлука на Министерството за здравство, уште во јули беше најавено дека во амбулантата во Шуто Оризари доаѓа доктор-гинеколог, со што ќе се обезбеди соодветна и постојана гинеколошка заштита на жените.

На оваа позиција доаѓа доктор Вјолце Мбиара, која има долгогодишно искуство во ова поле, а работела и во реномирани болници надвор од Македонија.

Top