вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 77 ново

Евробаскет: Шпанија ја надигра Хрватска

Шпанија го доби дербито против Хрватска, во Ц групата, на Европското првенство во копарка и го обезбеди првото место на табелата. Во оваа група триумф запиша и Црна Гора над Чешка. Летонија во Д, групата славеше над Русија, а Србија очекувано ја победи Велика Британија. Словенија, во А групата го декласира Исланд, а Франција со многу труд ја победи Полска. Германија, во Б групата славее над Италија, а Литванија очекувано славеше над Украина.

Шпанија и Хрватска во меѓусебниот дуел во четвртото коло влегоа со максимален учинок, а мечот во Клуж беше најдобриот во досегашниот тек од Европското првенство.

Голема борба се водеше од почетокот до крајот, а Шпанците во последната минута, во пенал завршницата го решија прашањето на победникот. Во последните 50 секунди Шпанците погодија седум од осумте слободни фрлања.

Рики Рубио со 13 поени беше најефикасен кај Шпанија, во чии редови уште тројца играчи постигнаа двоцифрен број на поени.

Дарио Шариќ со 18 поени и 13 скокови ја предводеше Хрватска, а Бојан Богдановиќ постигна 15 поени.

Top