недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 45 ново

Изложба на Јана Луловска во Музеј на Град Скопје

На 5 септември (вторник) во просториите на Музеј на Град Скопје ќе бидат изложени делата на Јана Луловска. Изложбата е насловена „Аликвоти“.

Таа создава и некакво особено опкружување, определена интервенција во просторот со инсистирањето врз кружните форми кои се повторуваат врз бела или црна подлога. Тој воедначен ритам на исказот во определен простор е обединувачкиот елемент на целиот нејзин проект. Сето ова не би можело да биде остварливо ако самите фотографии не поседуваат накаква насочена, свесна и интригантна едноставност и строгост во изразот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top