среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Српскиот круг на одвратното: Митровиќ посвоил бебе за да живее во реално шоу

Сопственикот на телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, одлучил да докаже дека навистина му нема рамен во бизарното, па во реалнотп шоу кое за почнува следната недела, а искрено се надеваме дека нема да се пренесува во Македонија, ќе учествува и неговото што туку посвоено бебе.

Во реалното шоу „Задруга“ ќе улестввуаат преку 30 учесници и едно бебе, кое на имотот ќе помине 8 месеци. Детето е годиначе, оди, но не зборува. Детето е на семејството Митровиќ, на Жељко и на неговата сопруга Милица, но не е нивно биолошко дете, туку посвоено до Домот за деца без родителска грижа.

Митровиќ сѐ уште не потврдиле колку време детето ќе минува пред камерите, но во Белград се шепкулира дека ќе расте пред камери сѐ до полнолетството.

Детето ќе ги добиело најдобрите услови во шоуто, ќе било максимално заштитено од развратот, караниците, сплетките и сите одвратности што ги има во реалните шоуа, тврдат од продукцијата.

 

Top