вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 77 ново

Дали некој ќе можеше со Југославија!?

Угледниот шпански весник АС се позанимава со уште една добро позната приказна „што би било кога би било…“ – составувајќи репрезентација на некогашната СФРЈ.

Во пресрет на Евробаскетот, АС потсетува дека последниот шампионат на кој настапувала Југославија со сите заеднички сили е од 1991 година.

„Дивац, Даниловиќ, Ѓорѓевиќ….Кукоч, Раџа, Перасовиќ… имиња кои лесно освојуваа злато… Заедно освоија пет европски злата, три светски и едно олимписко. Од 1991 година само Србите, заедно со Црногорците, и Хрватите биле на подиум. Затоа се поставува прашањето што би било ако таа земја останеше заедно“ – пишува АС.

Од шестте поранешни југословенски републики четири ќе се најдат на 40-то јубилејно издание на Евробаскетот – Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

Шпанскиот медиум, притоа ја составува најдобрата селекција од овие земји за која тврди дека со огромна леснотија би стигнала до европската шампионска круна.

НАЈДОБРИОТ ЕХ-ЈУ СОСТАВ…

ПЛЕЈМЕКЕРИ: Горан Драгиќ (Словенија/ Мајами хит), Милош Теодосиќ (Србија, ЛА Клиперс), Лука Дончиќ (Словенија/ Реал Мадрид)

 БЕКОВИ: Богдан Богдановиќ (Србија/ Сакраменто кингс), Марио Хезоња (Хрватска/ Орландо меџик)

КРИЛА: Бојан Богдановиќ (Хрватска/ Индијана пејсерс), Никола Калиниќ (Србија/ Фенербахче)

КРИЛНИ ЦЕНТРИ: Дарио Шариќ (Хрватска/ Филаделфија 76), Немања Бјелица (Србија/ Минесота), Никола Вучевиќ (Црна Гора/ Орландо меџик), Бојан Дуљевиќ (Црна Гора/ Валенсија)

ЦЕНТРИ: Никола Јокиќ (Србија/ Денвер нагетс), Бобан Марјановиќ (Србија/ Детроит пистонс), Анте Жижиќ (Хрватска/ Кливленд), Јусуф Нуркиќ (БиХ/ Портланд), Драган Бендер (Хрватска/ Феникс санс).

Извор: Екипа

Top