четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 91 ново

Доживување или силување: Тајно го вадам кондомот додека имаме секс

Последниве месеци најгласно досега се зборува за вознемирувачкиот тренд во сексот – стилтинг (означува вадење на кондомот во тек на сексуален однос без согласност на партнерката), а минатиот месец беше беше објавена ио студија за тоа. Некои ги изедначуваат експериментаторите со сексуални злосторници, а со законите на Калифорнија стилтингот е дефиниран како силување.

– Стилтингот е силување. Пенетрација без согласност е силување, вели Кристина Гарсија, претседателка на Законодавниот клуб на жени.

Иако многумина го мислат истото, исто толкав број мажи ги вадат кондомите во текот на сексот. Еден од нив се обидува во интервју за „Хак“ да објасни зошто го прави тоа. Секако, анонимно.

„Затоа што чувството е подобро отколку со кондом“, вели.

 

Не го загрижува можноста да се зарази со сексуално пренослива болест. Не би сакал да се

„Не сакам да забременат и не свршувам во нив. А за болести – подготвен сум да рискирам“.

Убеден е дека не е заразен со некоја сексуално пренослива болест, но признава дека редовно прави испитувања меѓу сексуални средби со различни парткерки.

„Рискираме и кога преминуваме улица, па и понатаму преминуваме“.

Признава дека тајно го вади кондомот кога жените инсистираат да носи, но не многу често.

„Луѓето не се грижат кога го прават тоа без кондом“, вели.

Top